Реконструкција на педијатарскиот пункт-имунизација во поликлиниката во Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски заедно со директорот на Здравствен дом-Скопје, доктор Виктор Исјановски и економскиот директор Бесим Кока ја посети поликлиниката „Ѓорче Петров“.

Во моментов се врши реконструкција на педијатрискиот пунк (имунизација) на предучилишна возраст. Поликлиниката ќе добие простории по европски стандарди каде е предвидена и изградба на мини игротека за анимација на дечињата. Одлична вест е што комплетно е реновиран и ноќниот дежурен пункт. Обезбеден е и биохемиски анализатор. Крвна анализа веќе се врши секој работен ден од 19 до 23 часот, а во тек е и постапка за нов компјутерски рендген апарат.

Ќе се заложиме да поставиме внатрешен лифт како идејно решение со кој на старите, изнемоштените лица и инвалидите ќе им се овозможи полесен пристап.

Општината ќе се заложи за надворешно уредување на поликлиниката.

Заедно со централната власт интензивно работиме на подобрување на условите за здравствените работници. Заедно со сите зголемувања на платите досега, вклучително и за февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40 %, на медицинските сестри меѓу 20 и 23 %, на општите лекари за 25 %, а на здравствените работници за 15 %. Првпат во историјата, Владата ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.