Реконструкција на оштетениот сквер Буњаковец

Кон јавните добра треба да се однесуваме како кон сопствените. Тоа што е јавно е и наше, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. 

Започна да го реконструира оштетениот Сквер Буњаковец. Се заменуваа урбаната опрема и се ревитализира зеленилото, а во соработка со Град Скопје се обновува и зеленилото кај Универзална сала.

Да ги зачуваме јавните добра и зелените површини. За наше добро и за доброто на #НашЦентар, напиша тој.