Реконструкција на „Народен фронт“ - прометна, а запоставена улица

Започнува комплетната реконструкција на улицата „Народен Фронт“, во Општина Центар.

Реконструкцијата опфаќа целосно уредување на коловозната конструкција на површина од 11.542 метри квадратни и трите краци на улицата, што минуваат меѓу зградите, информираат од Општина Центар.

По должина на улицата „Народен Фронт“ ќе се реконструираат и подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот, а ќе биде поставено и ново енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување.

– Реконструкцијата ќе опфати и обнова на тротоарите, а ќе се воведе и резидентно паркирање за сите станари, се вели во соопштението.

Општина Центар апелира до граѓаните да бидат внимателни при движењето и одвивањето на сообраќајот во периодот додека траат градежните активности.