Реконструкција на мостот во Градски парк (фото)

ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје, деновиве го реконструира дрвениот мост во вториот дел на Градски парк, кој беше оштетен и опасен за преминување, откако врз него пред извесен период падна дрво, настан предизвикан од силно невреме.

Екипите ги обновуваат дрвените талпи, по што ќе следи бојадисување за нивна заштита.