Реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци

Општина Илинден отпочна со реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци, кој е во должина од 1.500 метри и широчина 5,5 метри, во рамки на програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, информираат од општината.

- Потребата за реконструкција на овој локален пат е поради неговата лоша состојба кој претставуваше проблем во секојдневното одвивање на сообраќајот за граѓаните. Со реконструкцијата на локалниот пат ќе се изврши поставување на нов асфалтен слој како и ќе се реши одводнувањето на коловозот што претставуваше во минатото главен проблем за оштетување на патот, велат од општина Илинден.

Целосната реконструкција на патот предвидено е да заврши во наредниот период, а финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден.

- Со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности, посочуваат од локалната самоуправа.