Реконструкција на детското игралиште во ОУ „Гоце Делчев“ во Аеродром

Општина Аеродром деновиве го реконструира детското игралиште што се наоѓа во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче.

Се реконструираат и детските игралишта во новиот парк во Стар Аеродром, до кружниот тек кај поликлиниката „Јане Сандански“, во Реонски центар, зад ТЦ „Капитол“ кај трите бели кули.

За безбедна игра на децата, Општина Аеродром го реконструира и детското игралиште до училиштето „Ѓоргија Пулевски“, игралиштето на улицата „Методија Шаторов-Шарло“ пред ресторанот „Еквириблиум“, двете игралишта во Долно Лисиче пред Месната заедница и пред надвозникот, како и старото игралиште во Ново Лисиче зад комплексот „Адора“.