Реконструкција на детските катчиња низ Ѓорче Петров

Во тек е реконструкција и уредување на повеќе детски катчиња кои се наоѓаат во општина Ѓорче Петров. 

Поставена е нова урбана опрема, во која најмалите ќе можат да уживаат, да се дружат и да се забавуваат. 

Од општината апелираат до сите, за заштита на она што се поставено. Да не се уништува, со цел да има подолг рок на траење. 

Инаку од општината велат дека постојано имаат некои активности низ целата нивна територија, се со цел задоволувајќи ги потребите за тамошните жители.