Реконструкција и проширување на велосипедска патека во Карпош

Град Скопје продолжува со унапредување на велосипедската инфраструктура во градот. Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве работат на реконструкција и проширување на велосипедската патека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на потегот од ресторанот „Фурна“ (спроти Млечен ресторан) до крстосницата со булевар „8-ми Септември“ во должина од 550 метри.

Во рамките на градежните активности, бекатон плочките се заменуваат со асфалт, а по завршувањето на реконструкцијата ќе се добијат велосипедска патека со ширина од 2 метри и пешачка патека со ширина од 2 метри.

Во последните 14 месеци, Град Скопје изгради и реконструираше 14,6 километри велосипедски и пешачко-велосипедски патеки во вредност од 56,5 милиони денари.