Реконструирано детското игралиште на платото на „Педагошка“

Службите за одржување на урбана опрема овој викенд го реконструираат детското игралиште на платото на „Педагошка“, во урбаната заедница „Владо Тасевски“.

Имено, се врши замена на старите и дотраени реквизити и на нивно место се поставуваат нови.

 На ова плато, неодамна Општината засади и нови садници и украсни растенија, со што дополнително се раззелени овој дел од Карпош.

 Во изминатиот период, Општина Карпош изврши и реконструкција на повеќе детски зони. Целосно е обновено игралиштето на плочникот на „Млечен“, како и детскиот дел на платото во Карпош 3.

Етапно, се врши реконструкција на сите игралишта кои имаат уништени реквизити.

Локалната самоуправа ги повикува сите граѓани, при посетата на овие јавни површини да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Носете маски, одржувајте дистанца и вршење честа дезинфекција на рацете.