
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска информираше дека целосно биле реконструирани три занимални од клонот „Детелинка“.
Во објава на социјалните мрежи тој посочи дека биле обновени ѕидни површини, електрична инсталација и бил поставен нов под со површина од 200 метри квадратни.
„По цели 40 години, овие простории добиваат нов, безбеден и современ изглед. Нашите деца заслужуваат најдобри услови за раст, развој и безгрижно детство“, истакна Стојкоски.