РЕКОНСТРУИРАНИ ТРИ УЛИЦИ ВО БАРДОВЦИ

Општина Карпош продолжи со реконструкција и целосна изградба на уште пет краци од три улици во населеното место Бардовци. Така, изведувачот Гама градба завршува  со поставување на бекатон  плочки на крак од улица 10 во должина од 115 метри и широчина од 3,5 метри.

Истиот изведувач, работи и на поплочување на уште два крака од улица 2 и тоа, на левиот крак од должина од 50 метри и широчина од 3 метри, како и на десниот крак од истата улица во должина од 65 метри и широчина од 3,5 метри.

На два крака се работи на поплочување и на улицата 12 и тоа, левиот крак се поплочува во должина од 150 метри и широчина од 3,5 метри, а десниот крак ќе има бекатон плочки од должина од 65 метри и широчина од 3,5 мери.

Сите изведбени работи на овие три улици имаа рок од 30 дена, односно заклучно со крајот на јули.