Реконструирани патеките во стариот дел од Градскиот Парк

Патеките во вториот дел на Градскиот парк, што долго време беа запуштени, сега се реконструирани и овој дел од паркот доби целосно нов изглед.  

Главните патеки што беа сериозно руинирани и критични за безбедноста на граѓаните обновени ги чекаат посетителите на паркот. 

Извршена е  и замена  на канделабрите,  а поставени се и нови клупи и канти  за џебен отпад. Новите патеките ги провоцираат скопјани уште почесто да го посетуваат  паркот и да уживаат во неговите убавини, како и во новите стандарди и услови што тој  им ги нуди.

Градот Скопје континуирано  работи на уредување и обновување на зеленилото и на патеките во паркот, но и на зголемување на безбедноста, бидејќи така се создаваат услови скопјани да уживаат во неговите убавини, напиша на Фејсбук градоначалникот Шилегов.