Реконструирани 64 мостови долж Коридород 10

Во соработка со НАТО Алијансата, до сега реконструирани со вкупно 64 мостови долж Коридорот 10. На местото познато под називот Кула, на автоопатот Катланово-Велес, денес ќе биде одбележан крајот на проектот кој Министерството за транспорт и врски го спроведе во соработка со НАТО. Се работи за реконструкција на 64 постоечки мостови долж Коридорот 10.

На одбележувањето, присутни ќе бидат министерот Владо Мисајловски и претставници на НАТО контингентот. Проектот се изведуваше во три фази, од кои првата околу Скопје, односно до Катланово и Блаце, втората од Демир Капија до Гевгелија и последната од Катланово до Велес.