Реконструирана улицата „Трифун Бузев“ во Карпош 4

Целосно е реконструирана улицата „Трифун Бузев“ во населбата Карпош 4, во близина на основното училиште „Петар Поп Арсов“, информираат од Општина Карпош.

– Обновен е коловозот во должина од 85 метри, а санацијата ја направија екипите на јавното претпријатие  „Улици и патишта“ преку договорот за меѓуопштинска соработка, склучен со локалната самоуправа, соопштија локалните власти.

Во претстојниот период ќе следи реконструкција на улицата „Хелсинки“ во населбата Тафталиџе 1 и санација на улицата „Новопроектирана“ во Криви Дол.

Во изминатиот период се реконструираа улиците: „Карпошово востание“, „Варшавска“, „Даскал Камчев“, „Њуделхиска“, дел од „Гиго Михајловски“, а Град Скопје обезбеди санации и за „Љубљанска“, „Московска“ и поголем дел од булеварот „Партизански одреди“.

Општина Карпош информира дека продолжува со рамномерно и планско подобрување на инфраструктурата во сите урбани заедници.