Реконструирана кујната во градинката „Росица“, објект „Детелинка“

За десетина дена, комплетно е реновирана четиридецениската кујна во објектот ,,Детлинка”  . По вонредната дезинфекција, дезинсекција и дератизација таа е пуштена во употреба а клонот доби современа кујна, по сите нормативи и стандарди.

Инвестицијата чини околу 600 000 денари.

Здравата храна е важен сегмент за формирање здрави генерации, општината Ѓорче Петров постојано работи на подобрување на услови во градинките.

Истовремено, заврши и варосувањето на внатрешноста на објектот ,,Пампурче” на градинката во населбата Даме Груев по што ќе следи дезинфекција на целиот објект.