Реконструирана канализацијата пред ОУ “Тихомир Милошевски” во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров ја реконструираше атмосферската канализација на улицата пред основното училиште “Тихомир Милошевски”. Од општината посочуваат дека согласно она што го виделе на терен, подземната инсталација не била соодветно изведена поради што се поплавувало училиштето и останатите објекти во близина.

– Поради претходна, согласно тоа што видовме на терен, веројатно несоодветна изведба при поставување атмосферска канализација, извршивме реконструкција на подземната инсталација со цел да не се собира вода пред училиштето “Тихомир Милошевски”, спроти него, кај автобуската постојка и домовите во близина, при поројни дождови, посочуваат од општината.

Со овој зафат, додаваат од таму се решива проблемот на тамошните жители со собирање големо количество вода, за кој тие реагирале во повеќе наврати во општината.