Реконструирана градинката Ташко Караџа во Радишани

Општина Бутел соопшти е завршена реконструкцијата на градинката Ташко Караџа во Радишани.

Општината изминатиов период работела на реконструкција на делот за јасли при што комплетно била реконструирана бетонската плоча.

„Станува збор за постар проблем поради кои се појавило тонење на плочата. Со реконструкцијата заменета е целата плоча на површина од 800 метри квадратни, со што престојот на децата и вработените станал значително побезбеден.
Покрај тоа комплетно е сменет и мебелот, со што дечињата добија нови креветчиња, тоалети и ПВЦ прозори“, наведува Општина Бутел преку соопштение.

Градоначалникот, Велимир Смилевски, кажа дека општината има подготвено проект со кој се очекува во текот на наредната година сите градинки во Бутел да бидат комплетно реконструирани и уредени. Исто така до завршување на градоначалничкиот мандат, предвидена е и изградба на нова детска градинка, потенцираше Смилевски.

Пелените, влажните марамчиња и детската козметика за сите деца во градинката се донација од „Алкалоид“ Скопје, велат од општината.