Реконструиран спортскиот терен „Партизан“ во Градски Парк

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, синоќа во друштво на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, во Градскиот Парк го отвори реконструираниот спортски терен „Партизан“.

Тој информира дека старата и дотраена подлога е заменета со нова во површина, поставени се нови голови, нови кошеви, а фудбалското игралиште ќе може да се користи и како игралиште за ракомет.

На теренот е поставена нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, а игралиштата навечер ќе бидат осветлени со помош на новото ЛЕД освелтување.

„Овој зафат на спортскиот центар ‘Партизан’ е прв по 20 години и теренот во иднина ќе биде јавно достапен за сите добронамерни вљубеници во спортот и спортските дисциплини“, велат од општината.