Реката Серава - секој ден позагадена и со помалку вода

Локалните жители на скопската населба Радишани реагираат на загадувањето на реката Серава - реката која во минатото беше препознатлива по поројната чиста и бистра вода. 

-Серава,,,,Секое сабајле ја преминувам преку мовчево,и секој ден ми се чини е се позагадена, се помалку вода, а се повеќе во неа стари предмети. Во моето детство токму тука правевме брани од камења и се бањавме во чистата и бистра Серава..Каде отиде тоа време и како изчезнаа нормалните луѓе, се сеќава и прашува еден скопјанец од овој дел на градот кој сподели и фотографии од денешната состојба на реката.