РЕК Битола, најголемиот производотел на струја од ноќеска на полноќ не работи пренесува Телма. Оваа состојба за телевизијата ја потврдиле од страна на комбинатот. Поради катастрофалната ситуација во енергетскиот сектор државата беше принудена да купува стрја се со цел да се покријат потребите.
Во пресрет на зимата, кога потрошувачката традиционално расте, планот е да се вршат набавки за подолг временски период од неколку месеци. Министерката за енергетика, Божиновска, соопшти дека веројатно ќе се бараат кредити од домашните банки за да се обезбедат средства за купување на потребните количини за да се поминат зимските месеци.
Ова не е прв пат РЕК Битола целосно да биде надвор од мрежа. Претходно поради проблеми со далновод на Мепсо често се случуваше централата да не работи.