Регулаторот на ЕУ следната недела ќе донесе одлука за вакцината на Новавакс

Управата за лекови на ЕУ во понеделник треба да одлучи дали да препорача употреба на вакцината против коронавирус од американскиот производител Новавакс.

Ако Новавакс добие зелено светло, тоа би било петтото одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА) во Амстердам во борбата против коронавирусот.

За разлика од четирите други веќе одобрени вакцини, Новавакс е вакцина базирана на протеини. Содржи ситни честички што се состојат од лабораториски произведена верзија на шилестиот протеин на Сарс-КоВ-2, вирусот што ја предизвикува болеста Ковид-19.

Препаратите на Фајзер/Бионтек и Модерна се мРНК вакцини, додека Астра Зенека и Џонсон и Џонсон се базирани на вектори.

Новавакс од Мериленд аплицираше за овластување во ЕУ во ноември.

Експертите од ЕМА ја даваат својата препорака по тековниот процес на преглед на клиничките студии и податоци. Европската комисија мора да го даде конечното одобрение.