Според најновиот Извештај на Институтот за јавно здравје заклучно со 12. септември годинава вкупно се регистрирани 498 реинфекции (евидентирана една втора реинфекција).
Регистрирани се 6.277 смртни случаи (Лт = 3,4%). Во однос на датумот на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 08.04.2021 година (n=49), а според недела на пријавување во тек на 14-тата недела во 2021 година (n=293).
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=5.106) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.174,0/100.000 жители.
Регистрирани се 3.805 смртни случаи кај лица од машки и 2.472 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 4.627 (73,7% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.735), дијабет (n=1.559) и белодробна болест (n=693). Од пријавените случаи на реинфекција, 5 завршиле со смртен исход.
Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 31 смртен случај кај здравствени работници.
Од пријавените случаи, 371 (5,9%) починале во вонболнички услови, а 5.906 (94,1%) починале во хоспитални услови, соопштува ИЈЗ.