Регистрирани се 7 смртни случаи од корона кај бремени жени

Според најновиот Извештај на Институтот за јавно здравје заклучно со 12. септември годинава вкупно се регистрирани 498 реинфекции (евидентирана една втора реинфекција).

Регистрирани се 6.277 смртни случаи (Лт = 3,4%). Во однос на датумот на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 08.04.2021 година (n=49), а според недела на пријавување во тек на 14-тата недела во 2021 година (n=293).

Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=5.106) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.174,0/100.000 жители.

Регистрирани се 3.805 смртни случаи кај лица од машки и 2.472 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 4.627 (73,7% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.735), дијабет (n=1.559) и белодробна болест (n=693). Од пријавените случаи на реинфекција, 5 завршиле со смртен исход.

Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 31 смртен случај кај здравствени работници.

Од пријавените случаи, 371 (5,9%) починале во вонболнички услови, а 5.906 (94,1%) починале во хоспитални услови, соопштува ИЈЗ.