Регистрирани 357 прекршоци за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 357 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.