Регионот се интересира кој ќе биде градоначалник на Скопје

Медиумите на Балканот известуваат за локалните избори во Македонија.

Медиумите на Балканот известуваат за локалните избори во  Македонија. Очекувано најголем интерес  покажуваат медиумите во соседните земји, иако повеќето се задржуваат на најосновните податоци во врска со изборната регулатива и главните кандидати. Српската државна телевизија РТС, спомнува инциденти и тепачки на избирачките места во Скопје по што ги објаснува деталите на изборниот процес. Главен акцент е ставен на градоначалничката трка во Скопје.

И бугарските медиуми  известуваат за изборната трка во Македонија. Бугарската национална телевизија главно се задржува на податоците за изборната излезност, како и на податоците во врска со самиот изборен процес. Исто како српската и бугарската телевизија избегнува да коментира кој има предност, иако спомнува дека овие локални избори се првиот тест за Македонија по големата политичка криза пред неколку месеци.

Хрватските медиуми исто така ги следат денешните локални избори во Македонија. И тие потенцираат дека главната битка се води во главниот град.

За денешните шести по ред локални избори во Македонија известуваат  и медиумите во останатите земји во регионот.

nike air max 1 sale