Регионалните медиуми пишуваат за заминувањето на големиот Горан Стефановски

Еден од најпознатите македонски драмски писатели почина на 66 година во Велика Британија. Регионалните медиуми пишуваат за заминувањето на големиот Горан Стефановски.

Големиот македонски драмски писател, ценет и изведуван во Европа и светот, изненадно починал вчера.  Стефановски требало да биде гостин на Саемот за книга во Пула кој почнува денес, пишува српскиот магазин Блиц.

Хрватскиот T – портал пишува дека Горан Стефановски е еден од најпознатите и најплодни македонски автор кој има напишано преку 30 драми, помеѓу кои најпознати се „Диво Месо“, „Тетовирани души“ и „Лет во место“.

Специјализираниот портал за музика Музика.хр пренесува дека музичката јавност го знае како автор на песните на „Леб и сол“ и како брат на големиот музичар Влатко Стефановски.

Босанската ТВ1 во својата објава вели дека Горан и Влатко Стефановски припаѓаат на првата македонска културна генерација формирана во социјалните услови на еманципираната нација, генерација која со солидно богатство на институционални и креативни акции од херојскиот период на модернизација е многу успешна во надминување на поетските и другите граници.

Регионалниот xxzmagazin веста за смртта на Горан Стефановски ја наслови како „Заминување на големиот писател“ и пренесе дека неговите текстови се преведени на 17 јазици и се изведени во голем број земји од светот.

Македонските медиуми вчера информираа дека По негова желба, телото на Горан Стефановски ќе биде кремирано и пепелта ќе биде расфрлана во Охридското Езеро.

air max 90 essential sale