Регионална конференција „Градење на функционално-просторни и економски структури за подобро интегрирање на урбаните со руралните средини во Скопскиот плански регион“

Регионална конференција „Градење на функционално-просторни и економски структури за подобро интегрирање на урбаните со руралните средини во Скопскиот плански регион“, денеска и утре ќе се одржи во Скопје во организција на Центарот за развој на Скопскиот плански регион.
Целта на конференцијата е да се даде придонес во областа на планскиот и урбанистички развој на Скопскиот плански регион заради обезбедување на услови за рамномерен регионален развој. Панелисти ќе бидат експерти од земјава и странство, кои ќе учествуваат во размената на искуства и добри практики во планирањето на просторот и урбанизацијата и создавање услови за хумана средина за живеење. Регионалната конференција е активност во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен размномерен регионален развој“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и од Министерството за локална самоуправа.