Рефлектирачки столбчиња за поголема безбедност во Карпош

Рефлектирачки столбчиња за поголема безбедност на велосипедистите и подобра видливост во сообраќајот, деновиве, беа поставени долж улицата Московска во општина Карпош.

Со рефлектирачките столбчиња, комплетно се одвојуваат велосипедските патеки кои што се наоѓаат на коловозот на сообраќајниците, а на овој начин секако се обезбедуваат и подобри услови за овој алтернативен начин на сообраќај.