Доколку Владата донесе одлука до крајот на септември да се одржи Референдум на државно ниво, таа треба прво да поднесе иницијатива до Собранието и преку Министерството за правда да го формулира референдумското прашање.

Техничките подготовки ќе почнат дури откако Собранието ќе донесе заклучок за одржување референдум, според очекувањата на спикерот Талат Џафери, некаде во втората половина на јули, објави Телма.