Редовна хидратација - важна основа за подобро здравје, расположение и зголемена енергија

Хидратацијата е вклучена во многу аспекти на нашата добросостојба, од имунолошкиот систем до расположението, стареењето на кожата и здравјето на очите. Таа е основата на здравото живеење.

Без оглед на тоа како се храниме, треба да сфатиме дека редовната хидратација е клучна за нашето здравје.

Но, како да осигураме дека пиеме доволно вода во текот на денот? 

Ова се неколку начини кои ќе ви помогнат во тоа.

Наполнете шише вода на почетокот на денот

Без оглед на тоа дали работите од дома или канцеларија или пак можеби го поминувате денот учејќи или грижејќи се за своите деца, редовната хидратација зависи од успешно воспоставените навики. Наполнете шише вода на почетокот на денот и поставете цел да го испиете до 12:00 или 14:00 часот, зависно од тоа кога почнува вашиот ден. Ова ќе ви помогне да ја одржите навиката за редовно пиење вода, а најважно ќе направи огромна разлика во вашето здравје и расположение.

Испијте зелено смуди наместо појадок или пред појадокот

Зеленото смуди е веројатно најважната работа за добра хидратација. Ова е така бидејќи зелените зеленчуци содржат големо количество природни состојки кои придонесуваат за хидратација и тоа како прв чекор на почетокот на денот. 

Конзумирајте храна која е богата со вода

Ова е уште еден начин за хидратација. Конзумирајте краставици, цвекло, јужно овошје, ананас, чиа семе во вода. Конзумирајте и чај и други напитоци кои придонесуваат за хидратација, доколку не сакате да пиете премногу вода во текот ан денот. 

Пијте вода пред секој оброк

Воспоставете навика да пиете чаша вода пред секој оброк. За ова не ви е потребен посебен потсетник, туку самото време за оброкот ќе ви донесе потсетување за тоа. Доколку ви е досадна обичната вода, можете да додадете лимон, ѓумбир, краставица и/или нане.