Редок феномен: Џамбазов доби награда што го носи името на неговиот дедо

Игор Џамбазов, нашиот познат актер и шоумен, е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ во рамки на фестивалот „5ре“ кој за прв пат се организира во Велес. 

Еве што порача Џамбазов откако ја доби наградата која го носи името на неговиот дедо:

-Вчера ја имав таа среќа да почувствувам нешто што ретко кој го има почувствувано. За да се уверам дека тоа навистина е така, направив интернет-истражување, и не пронајдов таков случај никаде во светот. Да добиеш награда што го носи името на твојот дедо. И плус фестивал што се вика 5-ре, исто како и неговиот уметнички потпис. Незаборавна вечер полна со емоции, многу смеење и солзи радосници. И духовити колеги кои отворањето го направија во стилот на "оскарите". Ви пожелувам на сите по една ваква ноќ во животот.
И добро утро. Одам малку да се порадувам...