Редици пред УЈП, граѓаните чекаат за документи за кредитите за поддршка на претпријатијата

Во текот на вчерашниот ден беше објавен повикот за директна кредитна поддршка на микро, малите и средните претпријатија преку Развојната банка на Македонија.

Сепак, и покрај можноста за доставување на пријавата онлјан, денеска можат да се забележат редици пред УЈП. Тоа се должи на неопходноста од обезбедување на документите преку шалтер од оваа институција. Како што може да се забележи и на самата фотографија, во долгата редица, граѓаните не ги почитуваат правилата за оддалеченост од минимум еден метар еден од друг.