
Реконструкцијата на автопатот Петровец - Катланово почна во септември 2020 година, но речиси три години подоцна сè уште не се завршени градежните активности.
На терен речиси и да нема активности, а може да се забележат само неколку градежни машини кои се наоѓаат на патот по кој досега граѓаните требаше да возат.
На автопатот може да се забележат само неколку работници, како и знаците кои го пренасочуваат движењето на возилата.
Според договорот, автопатот треба да биде реконструиран до крајот на 2023 година, па останува да видиме дали во следните пет месеци ќе се случи тоа.