Речиси половина Скопје денеска без вода, еве каде ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (четврток), без електрична енергија ќе останат:

- од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од улиците: Ѓорѓи Сугаре и Петар Делјан. (Oпштина Кисела Вода);

- од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од селата: Дoлно Блаце, Горно Блаце како и објектите на Граничниот премин - Блаце. (Општина Чучер-Сандево);

-од 11:30 до 14:30 часот, корисниците од улиците: Козара, Васил Ѓоргов и Адам Мицкиевич. (Oпштина Центар);

- од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Радушка, ул. Црногорска и ул. Македонска Преродба. (Oпштина Ѓорче Петров).

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ги известува граѓаните дека денеска (четврток):

- поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм, на ул. Зеничка бр. 3, од 08:30 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Зеничка, Коце Металец, Тајмишка , Душан Тасковиќ и Филип Филиповиќ. (Општина Гази Баба)

-  поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-300 мм, на ул. 388 (кај Универзитетот – Мајка Тереза), од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 376, 378, Кемал Сејфула и Самоилова. (Општина Чаир)

 - поради зафати во водоводната мрежа (промена на затворач) на ул. Бутелска бр. 2/15, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Бутелска, поточно краците бр. 2, 4, 6 и 8. (Општина Бутел)

- поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм, на ул. Козле 3 бр.18, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Средно Нерези. (Општина Карпош).