Речиси цела ноќ се гасеше пожарот во производствениот комплекс на BioCosmos во Велес

Рано утрово, во 4 часот, е локализиран пожарот во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ кој бил предизвикан од гром.

Истиот бил пријавен во Пожарна доцна синоќа во 22:00 часот, а во СВР Велес во 22:20 часот. Преку официјална објава на Фејсбук-страницата на компанијата „Мирана“ беше потврдено дека пожарот настанал поради удар на гром во погон на BioCosmos.

-Сѐ уште има слаби чадења на одредени места во фабриката, а за да се спречи повторно разгорување, пожарникарите и другите служби се сѐ уште присутни на терен, велат од ЦУК. 

Според првичните сознанија на СВР Велес, гореле магацин (во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друго) и канцелариски простории (документација и други материјали).

Во гаснењето на пожарот учествувале три противпожарни возила од ТППЕ Велес, едно возило од ЈКП „Дервен“, две специјални пренаменети возила на ДЗС, а присутни биле и шест полициски службеници од СВР Велес.