Најновиот извештај на Комисијата за бугарско државјанство покажува дека речиси 1700 Македонци добиле бугарско државјанство во 2024 година пренесуваат бугарските медиуми.
На врвот на баратели на државјанство се граѓаните на Украина (2.436), потоа Турција (2.163), Молдавија (1.887), Македонија (1.698), Албанија (1.328), Србија (847), Русија (474), Израел (260), Сирија (150) и Аргентина (108).
Според извештајот, вкупно 16.500 лица минатата година добиле бугарско државјанство, што е за 4.000 повеќе од 2023 година. Последен пат кога бројот на државјанства ја надминал бројката од 16 илјади е во 2020 година, додека во 2021 интересот опаднал на 15.171 барања. Во 2022 година имало 7.410 лица кои добиле бугарски пасоши, а во 2023 година бројката се искачила на 12.205.
Според извештајот, во 2024 година биле издадени 227 декрети за промена на бугарското државјанство, а над 11.700 лица го добиле по основ на потекло или општа натурализација.Одбиени биле речиси 6.000 барања за бугарско државјанство.
Бугарско државјанство по заслуга добиле вкупно 18 лица – едно од областа на културата и 17 спортисти.