Рецепт за највкусната домашна пица

Ако посветите доволно време на усовршувањето на техниките и подготвувањето, вашата домашна пица може да биде многу повкусна од онаа која ја подготвуваат рестораните и пицериите, бидејќи во вашиот дом пицата имате слобода да ја подготвите по ваш вкус.

Кога подготвувате пица дома, нема правила. Можете да ставите состојки какви што сакате, можете да ја направите пицата да одговара на вашиот вкус и да ја прилагодите према она што вас во моментот ви се јаде.

Но, сепак не е лошо понекогаш да се послушаат совети од искусни готвачи. Поради тоа, YouTube каналот Tasty подготви видео во кое готвачот Тони Гемињани, кој е 12-кратен светски шампион во правење пица, ќе ви каже неколку совети со кои ќе ја направите совршената домашна пица.