Рецепт: Рафаело торта со малини и кокос!

Да, навистина постои ваков десерт и навистина е прекрасен! Тортата има фантастичен вкус и прва се изедува на родендени и прослави, а еве и како да ја направите.

Состојки и подготовка:

  • 5 белки
  • 5 лажички шеќер
  • 100 грама кокосово брашно
  • 2 лажички бело брашно
  • Пола кесичка прашок за пециво

За жолтиот фил:

  • 5 жолчки
  • 500 мл. Млекко
  • 10 лажички шеќе
  • 1 кесичка пудинг од ванила
  • 2 рамни кесички брашно
  • 3-4 лажички млеко или вода
  • 200 грама маргарин

За црвениот фил:

  • 500 грама малини или јагоди
  • 2 кесички пудинг од малина или јагода
  • 250 мл. Млеко
  • Шеќер по вкус (150 – 200 грама)
  • Одозгора 2-3 кесички шлаг, малку кокос...

Подгответе калап со помали димензии, заоблен или четвртаст и обложете го со пек хартија. Вклучете ја рерната на 180 степени и почнете со подготовка на кората и филот.

Од белките направете цврста смеса, додајте шеќер и матете додека не се стопи шеќерот. Потоа додајте и кокос, брашно, прашокот за пециво. Поделете ја смесата во два помали кружни калапи и намачкајте на начин секаде да биде рамномерно расподелена смесата. Корите се прилично тенки и се печат кратко, околу 5 минути.

Додека корите се печат, ставете го млекото да се вари, а посебно изматете ги останатите состојки за жолтиот фил и ставете ги во млекото да се варат.

Оставете филот да се лади.

Во изладениот фил додадете го тоа што сте го изматиле.

За црвениот фил, овошјето и шеќерот ставете ги да се варат, посебно изматете ги останатите состојки и сварете ги. Оставете потоа да се изладат.

Корите и филовите треба добро да се изладат пред да почнете да ја филувате тортата.

На една чинија ставете ја кората, половина од црвениот фил, половина од жолтиот фил, кората, црвениот, па жолтиот фил. Оставете да се стегне во фрижидерот, па украсете ја со изматениот шлаг или топлото чоколадо.