Рецепт на денот: Сладолед од портокали

Подгответе вкусен сладолед од портокали.

Состојки:

300 мл слатка павлака

100 мл кисела павлака

5 портокали

150 грама шеќер во прав

2 пакетчиња ванилин шеќер

1 лажичка ситно рендана кора од портокал

Подготовка:

Во сад ставете ги слатката павлака, киселата павлака, ванилиниот шеќер и шеќерот во прав. Потоа се заедно добро изматете со миксер, па додадете го сокот од исцедените портокали и ренданата кора од портокал.

Се заедно добро измешајте и ставете ја смесата во соодветен сад.

Сладоледот ставете го во ладилник за да стегне.