Рецепт на денот: Салата Коб

Витамини, проетини, мешавина на совршени вкусови, и секако еден добар предизвик. Прочитајте кои се потребните состојки, следете ги чекорите за подготовка и забавувајте се.

Состојки:

Марула
Рукола
Варено јајце
Пилешки стек
Домат
Авокадо
Сланина
Сос од мед и сенф

Подготовка:

1. На маслиново масло се пржи пилешки стек исецкан на ленти
2. Во друго тавче се пржи сланина додека не стане крцкава
3. Марулата и руколата се поставуваат како подлога на чинија
4. Врз нив се реди: сецкано авокадо, пилешко месо, варено јајце, домат и крцкава сланина.
5. Салатата се зачинува со сос од мед и сенф.

На здравје!