Рецепт на денот: Пита со спанаќ

Француски специјалитет кој го обожаваат сите!

Состојки:

Тесто

3 шолји брашно

150 гр. путер

2 јајца

3 лажици студена вода

½ лажичка сол

1 лажичка оригано или босилек

Фил

300 гр. смрзнат спанаќ

3 шолји исечкано фета сирење

3 јајца

1 лажичка прашок за пециво

½ шолји рендан пармезан

1/3 лажички мелен бибер

½ шолји брашно

4 лажици јогурт

1 лажица маслиново масло

Начин на подготовка:

Направете тесто од брашно, сол и путер. Додајте јајца, оригано и вода и обликувајте го тестото. Замотајте во фолија и оставете го во фрижидер околу половина час. Исцедете го спанаќот и направете фил од маслиново масло, јогурт, фета, јајца, брашно и прашок за пециво. Додајте сол, пармезан и бибер и вратете во фрижидер. Вклучете ја рерната на 220 степени. Ставете го тестото во округло тавче и избоцкајте го со вилушка на некои места. Сипете го филот од сирење и спанаќ, изразмнете и подвиткајте го остатокот од тестото. Печете околу 45 минути.