Рецепт на денот: Македонско грне

Старо и вкусно македонско јадење кое се подготвува со јагнешко или јунешко месо. Покрај месото и кромидот неизоставни се доматите, белото вино и зачини.

Потребно е:

1 кг јагнешко или јунешко месо
2 главици кромид
80 мл масло
1 лажица мелен сув зачин
сол, бибер
250 г домати
1 лута пиперка
3 млади кромидчиња
300 мл бело вино

Подготовка:

– Месото исечете го на коцки, а кромидот ситно исецкајте го. Пропржете ги малку на загреано масло.

– Кога месото малку ќе омекне додадете ги доматите исецкани на коцкички и ситно сецканата лута пиперка. Динстајте на средна тепература додека месото сосема не омекне.

– Додадете го сецканиот млад кромид, виното и водата и уште малку варете го јадењето.

Идеја: По желба македонското грне послужете го со јуфки или њоки како гарнир.