РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: Чоколадна торта, сочна и кремаста

Оваа торта е мошне вкусна, кремаста, сочна и мошне едноставна за правење. И она што е најважно: 100% ќе ви успее!

Состојки:

6 јајца

6 лажици кафеав шеќер

3 лажици брашно

3 лажици какао

40 дкг чоколада

10 дкг путер

4 дл слатка павлака

0,5 дл рум

1 дл млеко за врз кората

Подготовка:

Кора:

6 жолчки измешајте со 6 лажици кафеав шеќер. Додадете 3 лажици брашно и 3 лажици какао.

Посебно изматете ги белките со малку сол и се заедно измешајте со лажица. Се пече во подмачкан калап на 180 степени, дваесетина минути.

Фил:

Стопете 40 дкг чоколада на пареа со 10 дкг путер и о,5 дцл рум.

Посебно загрејте 4 дцл павлака до пред зовривање, но не смее да проврие.

Тргнете ја чоколадата од оган и додадете ја во павлаката па се заедно добро измешајте.

Тестото извадете го од рерна, оставете да се олади па исечете го.

Во изладениоткалап во кој се печеше кората ставете една кора, полејте ја со млеко со малку рум или ликер од ореви па врз тоа додадете еден слој фил. Ставете ја втората кора, исто полејте ја со млеко и рум и врз неа додадете го остатокот од филот.

Филот ќе биде течен но ќе се упие во тестото и тортата ќе биде сочна. Оставете тортата да се олади, па потоа ставете ја во фрижидер.