Реална, но тажна објава на просветен работник од Скопје: „Душата ме боли и срцето ми се крши, зошто сите дечиња немаат бесплатна храна?“

Вистински, тажна и болна приказна од која навираат солзи. Вака со неколку зборови се опишува статусот кој просветниот работник од Скопје го сподели на својот фејсбук профил.  Преку овој фејсбук статус таа раскажува за еден тажен, но вистински настан и праќа важна порака:  да ги учиме најмладите за меѓусебна помош, разбирање, поддршка и надминување на различностите.

„Голем одмор. Учениците јадат, си разговараат, се смеат наеднаш еден ученик извикува ,,Наставничке види го...“, вака Габи започнува да ја раскажува случката на која таа била сведок.

„Одам до масата на ученикот, здогледувам како детето загризува сув леб, со самиот загриз лебчето се рони, одвај го голта од што е суво... Оффф господи, немам ни чашка да му наполнам водичка. Со трчање одам до кафематот му земам чајче. Му го подавам чајчето и му велам повели“, продолжува да раскажува во својата објава.

Почнува да се крие и да му се ронат солзи низ тоа невино лице и од срам не го прифаќа. Му давам задолжение да излезе од училницата, додава во својот фејсбук статус и вели:

- Седнуваме на парното и му велам ,,Ќе ти се налутам ако не го прифатиш чајчето, ајде живели"

Габи раскажува дека во моментот ja облиле милион емоции. Таа прашува зошто децата немаат бесплатна храна во училиште, зошто децата да бидат гладни, зошто дозволуваме да има вакви ситуации?

„Знаеме дека многу родители едвај го поминуваат месецот, но жалосно е што има вакви сутации, каде што барем храната за учениците во училиштата не е обезбедена од страна на државата. болно, многу болно, вели во својот фејсбук статус и апелира до родителите да ги согледаат овие ситуации и да помогнат колку можат во сопствените рамки.

„Да ги научиме нашите деца дека сите сме исти на оваа планета, без разлика на националност, боја на кожа, финансиски средства“, завршува таа во фејсбук објавата.