Реална и тажна слика низ Скопје: Деца питачи и бездомници - дневната рутина им почнува од 10 наутро па се до вечерните часови

Деца бездомници и питачи за жал стануваат секојдневие во Скопје. Со испужени рачиња бараат милостина од луѓето, кои брзајќи почнуваат и да ги занемаруваат. 

Зошто децата се виновни за да бидат питачи и бездомници? Што погрешило во живото дете од 10 години за да добие таков третман? 

Талкајќи низ раскрсници, улици и кафеани во Скопје, постојано две малолетни девојчиња пружаат рака за да побараат милостина од луѓето минувачи. Нивната дневна рутина почнува од 10 часот наутро па се до вечерните часови, па дури и во времето кога нивните врсници се на училиште.

Честа е сликата низ градските раскрсници каде граѓаните им даваат пари на децата кои питачат.Социјалните работници велат дека тие се најголемата жртва поради тоа што парите веднаш им ги земаат родители,  а тие повторно остануваат гладни.

Проценките се дека дневно заработуваат од 500 - 1000 денари.

Според податоците на Министерството за труд и социјална политика само во периодот јануари-март годинава евидентирани се 21 дете питач. Најголем број од нив е евидентиран во Скопје, потоа следуваат Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Струмица и Тетово, а во текот на летната сезона најмногу има во Охрид и во Струга.