Реакција за новите станови во Скопје: Гаража со цена речиси како станот, подрум е „премиум“

Ако во минатото се пдоразбираше дека со купувањето на стан, по автоматизам се добива и подрумски простор и гаража, денеска праксата е сменета. Новите инвеститори, паркинг просторите ги продаваат посебно. 

„Твитерџија“ реагира дека не ретко цените на гаражите се речиси и како самиот стан, a подрумите ги промовираат како нешто екстра во понудата. 

- Во кој момент стана луксуз и „дополнителна услуга“ да имаш гаража и подрум во нов стан во Скопје? Некогаш тоа се подразбираше. Стан купуваш – имаш кај да паркираш и кај да оставиш велосипед, зимница, алат, стари куфери. А денес? Гаражата ти ја продаваат посебно ко да купуваш уште еден стан. Подрум – ако има, го рекламираат како премиум feature. Иронично е, а? Зградите се поголеми од кога било, а добиваш помалку простор за живеење. Фали времето кога стан значеше функционален дом, не Excel табела за максимален профит по квадрат, реагира овој скопјанец на социјалната мрежа „X“.