Реакција од Град Скопје за фотографиите од асфалтираното дрво

Градот Скопје преку соопштение и фотографии ги демантира објавите на медиумите и социјалните мрежи за лошото изведување на велосипедска патека при што едно од дрвата заврши под асфалт.

Ве информираме дека објавените фотографии се направени во текот на изведбата на патеката и не го претставуваат финалниот изглед на теренот, се вели во реакцијата од град Скопје.

Тие потенцираат дека при изградбата на новата вело патека, ниту едно дрво не е исечено или оштетено.