Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадинов од СДСМ

Коста Костадинов подобро да објасни за парцелата на Водно за која медиумите пишуваат дека е поврзан и путерот на главата, отколку да се обидува да манипулира дека блескаме.

Зоран Заев е најнеуспешниот премиер кој успеа за само една година да остави 55.000 луѓе без работа.

Апашлукот на Заев нема крај. Тој за една година го зголеми долгот за 1.5 милијарди евра, а економијата и граѓаните не видоа никаков бенефит.

Наместо поволности и ослободувања, имаме нови давачки, како новите патарини на автопатот Скопје – Штип.

Нема нови инвестиции, па затоа се презентираат комерцијални преземања на фирми како странски инвестиции, нешто што е редовна пракса во светот и се случува секој ден, Владата го претставува како врвен дострел. Жално и срамно.

Костадине, а да кажеш нешто за парцелата на Водно?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ