
Вчерашниот голем пожар што ја зафати фабриката „Винчини“ во Виница предизвика силни реакции на социјалните мрежи. Граѓани, јавни личности и претприемачи упатија пораки на загриженост, нагласувајќи дека оваа катастрофа е удар не само за фабриката, туку и за целиот град.
„Да изгори фабрика што вработува најголем дел од луѓето во Виница не е исто како да изгорела плевна. Ова е страшно што ни се случува. И никако не е случајно,“ напиша еден корисник на „Твитер“.
Да изгори фабрика што вработува најголем дел од луѓето во Виница не е исто како да изгорела плевна. Ова е страшно што ни се случува. И никако не е случајно.
— Луто кутре (@lutokutre) September 6, 2025
Друг додава: „Гори најголемата фабрика за кондиторски производи во истокот, читам пожарникарите од Кочани и Виница чекале засилување од Свети Николе, Струмица... додека дојдат тие, ехее! Зборот ми е, во секој град фалат пожарникари, ама немало пари за нови пожарникари, за во администрација има.“
На „Фејсбук“ се огласи и Александра, успешна претприемачка од Виница, која напиша: „Срце ми се кине, голема катастрофа... Виница плаче. Гори фабриката на ‘Винчини’ – дом на многу семејства и животи. Срцата ни се со сите погодени.“
Социјалните мрежи изобилуваат со пораки за поддршка, а жителите на Виница предупредуваат дека последиците од пожарот ќе се чувствуваат уште долго, не само економски, туку и човечки.