Реакции на твитер: А, што правиме со спомениците во Чаир?

Споменикот на Андон Јанев-Ќосето утрово е тргнат од тревникот кај крстосницата на Врховниот суд во Скопје. Ова е еден од петте споменици кои Град Скопје ги постави на 7 септември 2014 на различни локации, а кои ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

Потегот предизвика реакции на социјалните мрежи. Пренесуваме дел од коментарите на твитер заедницата:

Орелот во Чаир,
Џемо Хаса,
Адем Јашари,
Хасан Приштина.
Нелегални споменици без дозвола за градба уште стојат, напиша Пази Леџа.

Ќосето го тргнаа затоа што внатре во него пред 300 години Николас Кејџ ја сокри Декларацијата на независност вредна милиони. Владата на Заев тие пари ќе ги донира за грчкото водостопанство. Ама ова не си го чул од мене, напиша Муарко на твитер.

А двоглавиот орел на Бит пазар и оној у Скопје Север? прашува Пази Леџа.

Фино за Ќосево, а орелот во бутел кога!? коментира ДимуР.

Види Види обвини дека СДСМ руши во стилот на ИСИС: Само ИСИС во Сирија,и СДС во #Македонија уништуваат спомен обележја од историјата.На шверцерски,криминален и подол начин,во раните утрински часови е тргнат споменикот на големиот Андон Ќосето
#НационаленСрам

Градоначалникот Петре Шилегов најави прес конференција на која ја објави детали за одстранување на споменикот.